ЕУ им понуди на Соединетите држави царинска шема „нула за нула“, изјави во понеделникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, настојувајќи да се избегне трговска војна „око за око“, објави „Политико“
„Понудивме тарифи ‘нула за нула’ за индустриски стоки, како што тоа успешно го направивме со многу други трговски партнери. Бидејќи Европа е секогаш подготвена за добра зделка“, соопшти Фон дер Лајен.
САД и ЕУ беа блиску до укинување на индустриските тарифи пред една деценија во нивните дискусии за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство – што на крајот беше отфрлено од Трамп во неговиот прв мандат.
Обновената понуда на Фон дер Лајен доаѓа откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто на ЕУ и на голем број други трговски партнери, зголемувајќи ги трговските бариери на САД до највисоките во повеќе од еден век.
Трговската војна на Трамп предизвика паника кај инвеститорите, при што финансиските пазари ширум светот губат билиони долари или евра во вредност.
Европските акции во понеделникот ги претрпеа најголемите еднодневен пад од почетокот на Ковид-пандемијата.
на Ковид.
Во услови на превирања на пазарот, фон дер Лајен повикува на смиреност.
„Ние сме подготвени да преговараме со САД“, рече таа.
Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека понудата на Европската унија „нула за нула“ не е доволна.
„ЕУ беше многу цврста низ годините“, додаде Трамп. „Секогаш велам дека е формирана за навистина да им нанесе штета на САД во трговијата. Тоа е причината поради која е формирана“ рече трамп за НДТВ.






