Намалување на маржи или цени? Владата ќе пресече каква мерка ќе донесе за заштита на животниот стандард

Трговците ги доставија предлозите за намалување на цените до Владата, министерството за економија и до пазарниот инспекторат. Телевизија Телма пренесува дека утре на седница ќе се разгледуваат. Од Владата соопштиле дека биле доставени два предлога – едниот е за намалување на маржите, а другиот за спуштање на цените на одредени прехрамбени и непрехрамбени производи.



Според, неофицијални информации до Министерството за економија пристигнати биле различни предлози од повеќе места и од дистрибутери, но и повеќе маркети испратиле листи со производи кои сметаат дека можат да ги поевтинат. Од комората не ја откриваат листатата, очекуваат до крајот на неделава да има одлука.

Извор :https://telma.com.mk/2025/02/17/namaluvane-na-czeni-ili-marzhi-vladata-utre-ke-razgleduva-predlozi-za-poevtinuvane-na-nekoi-proizvodi/