Дел од граѓаните кои на своите регистарски таблички на возилата ги залепија налепниците со ознаката NMK веќе објавуваат фотографии од уништените лепенки – пренесе Фактор.
Нагласуваат дека тие веќе се скоро целосно искинати од сонцето. „Бура“ од коментари следуваат под овие објавени фотографии:
-Во Грција ќе се стопат, таму е потопло
– Лесно…ќе смените нови таблици и нема да ви се излупи налепницата, и ќе одите и во Грција и секаде каде што сакате. Ако имате пари за Грција имате пари и за нови таблици.
-Има ново правило за да ја поминете границата, на чело ќе ви ги лепат!
Ова се само дел од коментарите на граѓаните.





