Надал владее во Њујорк

Рафаел Надал ја освои третата титула на американскиот Гренд Слем откако во финалето беше многу, многу подобар од Кевин Андерсон со 6-3, 6-3 и 6-4. Јужноафриканецот за прв пат настапи во завршните мечеви на големите турнири, но целосно потфрли иако станува збор за 32 годишник кој стана петтиот највозрасен дебитант во финалните средби. Надал во 2.27 минути не дозволи ниту една брејк топка и лесно дојде до четврти триумф без пораз со овој противник, а впечаток е дека Шпанецот и немал полесна задача во борба за трофеј, а ова е 16. за него.



Рафа Надал заработи 3.7 милиони долари и нови поени за зацврстување на врвот од АТП листата.