Home Македонија Над 50 повредени по пожарот во Кочани пренесени на скопските клиники

Над 50 повредени по пожарот во Кочани пренесени на скопските клиники

Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар – шртви на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во која ноќеска изби страшен пожарво кој има и загинати,  дознава Канал 5



Повеќето од повредените  се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.