Со средба со пријавените волонтери, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски ја започна својата изборна кампањата. Деспотовски при објавувањето на кандидатурата упати повик до сите кои искрено сакаат да придонесат и да се вклучат во промените и реформата на СДСМ. Волонтерите кои се на различна возраст и речиси од цела Македонија ги споделија своите идеи и се подготвени и посветени да ги поттикнат промените наведени во програмата.
„Ентузијазмот и посветеноста на нашите волонтери се навистина мотивирачки. Нивната посветеност за нашата визија и нивниот проактивен пристап се токму она што ни треба за да направиме промени за кои се залагаме. Особено охрабрува бројот на волонтерите кои до сега се одѕваа и се пријавија да ни се приклучат. Навистина е мотивирачка енергијата со која тие пристапуваат кон сите теми кои се дел од нашата програма и нивниот придонес со свои идеи. Тоа е и основата на нашата програма, Нов почеток, нов СДСМ. Овде секој глас е ценет и важен и секој член ќе има улога во обликувањето на нашата иднина. Тука место за сите кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува,“ им порача Деспотовски.






