АД Електранат не Македонија соопштува дека за утре се исполнети условите за дистрибуција на топлинска енергија.



„Ги известуваме потрошувачите кои се приклучени на системот за греење со кој стопанисуваат компаниите АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека од 18.4.2023 година се создадени услови за дистрибуција на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на РМВ и врз основа на прогнозата за просечна дневна температура на воздухот во Скопје од 11 Целзиусови степени за датумот 18.4.2023 година од страна на Управата за хидрометеоролошки работи“, соопшти АД ЕСМ .

Дистрибуцијата на топлинска енергија, согласно регулаторот, заврши на 15 април, но грејната сезона може да продолжи до 30 април, согласно временските услови.