Наjмалку 40 мртви, 130 ранети во терористичкиот напад во Москва

Комплексот Крокус Сити северозападно од главниот град на Русија, попладнево беше нападнат од непознати напаѓачи.



Според неофицијални информации, над 40 лица се убиени, а околу 130 се ранети, откако вооружени напаѓачи отворија оган и активираа експлозиви во големата московска концертна сала.

Во моментот на нападот во салата имало 6.200 луѓе. Толку билети биле продадени за концерт на руската рок-група Пикник, кој требало да се одржи вечерва.

 

На местото дошле 50 возила на брзата помош и специјалци од Националната гарда.

ТАСС јави дека во запалената зграда сѐ уште има луѓе.

На социјалните мрежи се шират ужасни снимки.

Неофицијално, најмалку три вооружени лица во маскирна облека влегле во концертната сала и почнале да пукаат.

Според руските медиуми, напаѓачите користеле и експлозиви.