„Во просториите на Министерството за европски прашања министерот Орхан Муртезани оствари средба со амбасадорката на Германија во * Македонија Петра Дрекслер, соопшти Министерството за европски прашања. На средбата, нагласуваат оттаму, беше разговарано за темите поврзани со европската интеграција на земјата, билатералните односи меѓу двете земји, спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда, кои се значајни за поттикнувањето на реформите и економскиот развој на земјата, која се стреми кон забрзувањето на социоекономската конвергенција на регионот во Европската Унија.“ – објави ТВ Шења.
ТВ Шења пишува: „На средбата министерот Муртезани изрази уверување дека континуираната германска поддршка за нашиот европски пат, демократијата, владеењето на правото, доброто владеење, економскиот развој, животната средина и ублажувањето на климатските промени се од суштинско значење за нашата земја.“ – се наведува во соопштението на Министерството за европски прашања.
На средбата соговорниците се осврнаа и на соработката во рамки на Твиннг-проектите финансирани од ЕУ, за што беше истакнато дека успешно се реализирани 11 твининг-проекти на различни полиња, вклучително и во делот на полициските реформи, статистиката, усогласувањето на политиките на конкуренција, јавни набавки, земјоделство, борба против корупција, подобрување на условите за вработување, истражни центри во МВР“, велат од Министерството за европски прашања.
Министерот, додаваат оттаму, изразил искрена благодарност за општата политичка, економска и проектна помош, што Германија ѝ ја дава на * Македонија.
Home Македонија На средбата Муртезани-Дрекслер е нагласено „суштинското значење на германската поддршка за нашиот...





