На познат адвокат „му се повраќа“ од изјавите на Димитров

Адвокатот Сашо Дуковски со големи критики за појавувањето во јавност на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.



„Го слушам и не ми се верува што слушам.

Пред се, тавтолошко и ” високоинтелектуално” јадење трици кое нема врска со реалноста.

Главниот промотор, изведувач и подржувач на срамотниот, спротивен на вољата на народот и одржаниот референдум, договор од Нивици, сега ја критикува Бугарија и се прави најголем Македонец.

Ми се повраќа!

Сега ќе коментира за Бугарија….а со две раце прифати се од Грција!!!!

И тој ќе кажел нешто, нешто “експерт” нешто ” патриот”.

Бљах.

Бедно!

Кој го вика бре?

Мува не го лази , уште” патриот” се прави.

Само едно ќе кажам, од лоша ДНК не се бега!!!

Кој разбра, разбра!“, напиша тој.