На забава во Книн од бомба загина 25-годишник

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот, синоќа, добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница.



Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишник, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.

Според првичните поретпоставки експлодирала рачна граната М-75 една од најчесто користените рачни гранати за време на Татковинската војна во Хрватска.

Наменета е да ги уништи луѓе со помош на ударен бран и челични топки кои се наоѓаат во неа. Бомбата има смртоносен ефект во радиус од 0 до 15 метри, а за ефект на рани – и до 30 метри.

За време на забавата, повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел, донел рачна бомба М-75 и му ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачната бомба во раката на починатиот 25-годишник.

„Добивме дојава за експлозија и едно повредено лице на скалите, кога стигнавме таму затекнавме четири лица, од кои едно е мртво, тројца се повредени.
Беше многу страшно, кога ќе се активира експлозивна направа во мала соба, тоа е прилично страшна глетка“, изјави Миран Мареља, командант на пожарникарската бригада на Книн.