ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме, бидејќи има луѓе кои веќе чувствуваат дека нивниот глас е ништовен. Вака министерот за надворешни работи и функционер на ДУИ, Бујар Османи, ја опиша ситуацијата, откако по изборите победничката партија ВМРО-ДПМНЕ почна разговори за состав на идната влада со Колицијата Вреди, пишува “Дојче Веле”.
Османи порачува дека Европскиот фронт ја претставува мнозинската волја на Албанците, а не Вреди која освоила помалку гласови.
„Кој е критериумот за дефинирање на релевантноста? Кој одредува што е малку а што многу, ако не малцинство и мнозинство?“, праша Османи во интервју на ТВ Канал 5.
Пртитоа се послужи и со една споредба.
„Влада со нелегитимни Албанци и влада без Албанци е еден ист концепт. Јас ви велам – Милошевиќ го правеше тоа во Косово. Рахман Морина го стави претседател на Косово, а Албанците велеа – кој ти е овој?”, рече Османи.
Изборна кражбаОсвен што ДУИ е во постојано заседание и се справува со вжештените емоции на поддржувачите, засега нема јасна слика дали, и како оваа партија ќе одговори на тековните активности за состав на идната влада со кои тие не се согласуваат, односно ги посочуваат како спротивни на духот и одредбите од Охридскиот договор.Според Османи, во моментов во ДУИ сѐ уште се концентрирани на изборната кражба во ДИК која се случувала пред очите на домашната и меѓународната јавност. Тој вели дека опонентите од Вреди обжалуваат таму каде што веќе победиле и тоа 2:1, за да направат пресврт каде што можат, како на пример во родното место на Билал Касами, Желино. Смета дека и СДСМ е инволвиран во вакви обиди, затоа што можеле да добијат уште еден пратеник во петтата изборна единица.
Целиот текст прочитајте го тука.





