Британскиот актер Дејвид Џејсон, познат по серијата „Мучки“, доби 24 часовно обезбедување откако доби „веродостојни“ смртни закани, објави магазинот NME. На Џејсон му беа доделени двајца телохранители, а безбедноста е зголеменаа за време на снимањето на серијата „Still Open All Hours“ која е продолжение на популарната серија која беше емитувана на Би-Би-Си од 1976 до 1985 година. По заканите кон Џејсон, никој не сака да ризикува.
„Продуцентите и обезбедувањето ни рекоа дека постои вистинска закана. Безбедноста е многу посилна отколку во претходните години, и Џејсон има двајца телохранители кои одат насекаде со него. Се обезбедува и неговиот автомобил кога тој си заминува од снимањето“, пишуваат британските таблоиди.

Сè уште не е познато зошто 77 годишниот актер е цел на закани.




