„Очекувавме дека Министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација.
„Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува.“, реагираат од ВРЕДИ по најаватана Минчев дека ќе се корегира застапеноста на Албанците во сите институции од 29,52% на 24,30%.
Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сеуште нема пристап за Албанците.
Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација“, се вели во партиската реакција.
Од ВРЕДИ уште предупредија дека кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на анти-Албанска доктрина. “Брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово“.
На ова регираа од ЗНАМ од каде велат дека не ја разбираат возбуденоста во редовите на Вреди во врска со денешната прес-конференција на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
„Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори во рамки на својата програма стриктно посочи дека ќе влезе во Владата, базирано на принципите на чесност, одговорност и отчетност, и исклучиво со целосно почитување на законите.
Би сакале да потенцираме дека терминологијата антиалбанска доктрина не постои во редовите на движењето ЗНАМ. Наша доктрина е доследно почитување и спроведување на актуелни закони… велат од ЗНА и додаваат:
„Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територија на Република Македонија.
Им укажуваме на господата од ВРЕДИ, пред да излезат со какво било соопштение, добро и детално да ги проучат сите постоечки и важечки закони“, се вели во реакцијата на ЗНАМ од каде им порачаа на колегите од Вреди декатреба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија.






