На Водовод му ја исклучиле струјата, останаа без вода делови од Скопје

Делови од повисоките места на Скопје, останаа без вода откако им е исклучена струјата на „Водовод“ поради неплатени сметки, пренесува СДК. Поради исклучената струја, на неколку локации не работат пумпите, па водата не може да дојде до повисоките места.



Од ЕВН за СДК потврдиле дека по барање на „Енерџи актив“, снабдувачот на електрична енергија, на неколку локации е исклучена струјата, и дека во моментов одговорни лица се на состанок да се реши проблемот.