„Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.“ – се наведува во соопштението на Владата на Репблика Македонија.
„Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините.“ – велат од Владата.
Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост.
„Во рок од 10 дена општините треба да ја достават целосната проектна документација до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши проценка на тој проект. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните.“ – се наведува во соопштението од Владата.






