Предложените законски измени за линеарно зголемување на пензиите поминаа на вчерашната владина седница, информираа од Министерството за социјална политика, демографија и млади.



Со предлог-измените предвидено е линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година со цел, како што велат од Министерството, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

„Поконкретнно, на 1 септември 2024 година сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година се зголемуваат за 2 500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2 500 денари, информираа од Министерството.

Наскоро измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе се најдат и пред пратенците во Собранието.