На 95 години тетка Донка се потпиша за претседателка на Македонија

На 95 години гостиварчанката тетка Донка Анѓелкоска се потпиша за претседателка на Македонија.



,,И тетка Донка, на 95 години, со поспори нозе, ама остар ум, даде потпис за Гордана Силјановска Давкова.

Вели: “Надежта за подобро за децата никогаш не умира”.
Да си жива и здрава, тетка Донке, и да го исчекаме подоброто за сите наши деца”, објави попладнево пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.