Мира Симоновски од Делчевои на возраст од 74 години се искачи на врвот Ухуру висок 5.895 метри, кој се наоѓа на планинскиот масив Килиманџаро во Африка.
Претходно, во 2020 година планинарката Симоновски, тогаш на 70-годишна возраст, се искачи на врвот Арарат на 5.137 метри надморска висина.
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска организираше прием за планинарката Симоновски и најави дека за овој голем подвиг ќе ѝ биде доделена плакета на Денот на ослободувањето на Делчево, објави Плусинфо.
„Има само уште двајца луѓе во светот кои на нејзина возраст се искачиле на врвот Ухуру на Килиманџаро. Годишно околу 15.000 луѓе се обидуваат да го искачат тој врв, но успеваат само 40 отсто од нив. Честитки, Мира Симоновски, вие сте гордост за Делчево“, рече Трајковски.





