На 71,5 отсто се искачи бројот на Грци против „Македонија“ во името

Како што наближува јуни и финалето на спорот со Грција според македонскиот премиер Зоран Заев, вртоглаво расте бројот на грчки граѓани што се противат на тоа зборот „Македонија“ да биде вклучен во решението, за што се изјаснуваат две третини од нив.



Дури за 71,5 проценти тоа е неприфатливо, покажуваат резултатите на анкетата спроведена од од 23 до 25 јануари од Истражувачкото одделение на Универзитет „Македонија“, а за потребите на „Програма за Југоисточна Европа“ на тинк-тенкот ЕЛИАМЕП.

Тоа е значително зголемување во однос на 57 отсто во март 2016 година.

Според најновава анкета, 22,5 проценти се согласуваат за сложено име за северниот сосед што ќе го вклучува и зборот „Македонија“.

Во однос на прашањето „колку е важен за вас проблемот со името на БЈРМ“, 65 проценти одговориле дека им е многу важен, на 16 отсто им е до некаде важен, на 8,5 отсто малку важен, а на 9,5 отсто воопшто не им е важен.