Засега за пошироката јавност непознат возач на 100 метри од зградата на владата среде бел ден направил неколку кривични и прекршочни дела.
,, Итриот” возач кој довел во опасност граѓани кои се движеле по пешачката патека на мостот Гоце Делчев не се плаши дека ќе биде виден од полицијата или владиното обезбедување и без трошка срам се вклучува во сообраќај од тротоар.
На ред е сега тимот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој со оглед на опасностите по јавната и сообраќајна безбедност треба да го санкционира на соодветен начин овој возач.
За вакво возење во нормални држави мерки треба по допрен глас да преземе и Јавното обвинителство.
Во овој дел од Скопје има доволно камери за да е види кој е возачот кој можел да предизвика смрт и повреди на десетици луѓе.
Видеото од линкот подолу го објавува Слободен Печат
https://www.instagram.com/reel/DIbsNBOsynq/?igsh=d3g4ZHgzaW45cnRq






