Директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски објави дека за десетина дена на суд ќе се соочи со лидерот на Левица Димитар Апасиев кој се поклони на гробот на Енвер Хоџа.
Мирчевски за денеска најавува дека јавноста ќе дознае како професорот по право Апасиев ќе се брани од правен аматер како него.
,,Утре ќе прочитате како универзитетскиот професор по право, проф д-р по право, човекот кој образува младина да бидат и тие професори по право и кој положи цвеќе на гробот на Енвер Хоџа, ќе се брани против мојата тужба за клевета и навреда иако не сум професор по право ниту универзитетски професор по право”, објави вчера Мирчевски на социјалната мрежа LinkedIn.
Судскиот процес ќе започне на 18.09.2024, а денеска јавноста ќе прочита кој е најсилниот аргумент на одбрана на лидерот на Љевица.
,,Ова сметајте дека е препорака но и најава за утрешното мое штиво, овде на hashtag#Linkedin, која важи за сите вас”, пишува Мирчевски кој покрај вообичаените хаштази упатува порака која освен на социјалните мрежи како симбол за мирно однесување ја користат и мачињата:
,,Мјауууууууууууууууууу😿”.
hashtag#macedonia hashtag#kanal5tv hashtag#defamation hashtag#insult hashtag#cat_on_the_roof hashtag#cuckoo






