Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, присуствуваше на настанот што го одбележа 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Австралија. Притоа е нагласен ставот дека дијаспората е важна за развојот на односите меѓу Македонија и Австралија
Покрај македонскиот министер покрај Муцунски, на свеченоста се обратија и Ана Али, министер за локална самоуправа на Западна Австралија, и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот парламент. Муцунски ја поздрави македонската заедница во Австралија, како и присутните истакнати стопанственици, министри, пратеници и дипломати. Тој изрази задоволство од одличните билатерални односи кои се изградени во изминатите три децении.
Муцунски нагласи дека оваа прва висока политичка посета на Австралија по 15 години претставува силна потврда за заложбите на двете земји да ја засилат економската, културната и севкупната соработка. „Досега имаме многу успешни сегменти на соработка, но допрва треба да се искористат големите нови можности.“ – изјави Муцунски.
Најзначајна средба на Муцунски во Австралија беа разговорите со министерката за надворешни работи Пени Вонг. Според најавите, тој треба од Австралија да оди на Минхенската безбедносна конференција, која почнува денес.





