Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал на консултации амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, објави Канал 5.



Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

Причина за повикот од Њујорк да дојде во Скопје е поради непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина, како и трошење средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва.

Според извори на Канал 5 финансиската недисциплина е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи.

За потсетување, актуелниот Амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчковски пред 2 години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.