Мустаќи и темна боја на кожата – Албанците навредени од начинот на кои се прикажани на реклама за ЕП

Мустаќи и темна боја на кожата се двете причини поради кои голем број Албанци се вознемирени за време на Европското првенство во фудбал кое се одржува во Германија.



Многу Албанци чија репрезентација учествува на првенството се навредени од начинот на кои припадниците на оваа нација се прикажани на реклама за ЕП која што е објавена на автобус.

Рекламата е од автобус во градот Дизелдорф каде покрај знамињата на Албанија се прикажани и профили на луѓе кои не одговараат на просечниот изглед на Албанците.

Дел од вознемирените Албанци сметаат дека некој по грешка ги опишал како да се од Мароко.

https://x.com/AlbProps/status/1801295772522320419?t=8xg6OIB12iut8K9KUSHikg&s=19