Муртези: ДУИ и Еврофронтот се обидоа да предизвикаат страв, поделба и распуштање на Вреди, но сега ова им се случува ним во нивниот двор!

„Стравот и поделбата, што се обиде ДУИ да ги предизвика во Вреди, сега ги има во својот двор.“ – изјави Башким Муртези, организацискиот секретар на Алтернатива и член на раководството на Вреди во поткастот на ТВ Феста. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик Алфакс.

Порталот ја цитира изјавата, која ја даде Муртези во овој контекст: „Не им успеаја политиката и стратегијата на ДУИ и Европскиот фронт да предизвикаат поделба и распуштање на Вреди. Тие се надеваа дека ќе се случи ова во рамки на Вреди, но веќе се плашат од тоа што ќе им се случи ним во рамки на Европскиот фронт. Денес Вреди дејствува обединето и продолжува да ја извршува својата функција, за која ја доби довербата на гласачите-Албанци во Македонија. Сега во Европскиот фронт има многу голема расправа кој излегува од таму, а кој влегува, ќе го земат ли Таравари, или нема да го земат, излегува ли оттаму Села, или не излегува. Стравот и поделбата, кои се обидоа да ги предизвикаат внатре во Вреди, сега им се случува ним во нивниот сопствен двор.“