„Имаме разбирање за ставот на нашите партнери, бидејќи прашањето за формирање на Албанска академија е чувствително, но наша цел како Коалиција Вреди не е да им наштетиме политички на нашите коалициони партнери, туку да го спроведуваме тоа што сме го ветиле кај гласачите.“ – изјави денеска на прес-конференција Башким Муртези од Коалицијата „Вреди“. Ова го објави ТВ Сител.
ТВ Сител пишува: Башким Муртези посочи дека Коалицијата Коалицијата „Вреди“ нема да ги приспособува програмските заложби, поради, како што рече, личен комфор во Владата, бидејќи, според договорот за формирање влада, како што вели тој, треба да се покренуваат иницијативи за прашања, кои високо ја сензибилизираат едната јавност и да се изнаоѓаат заеднички решенија.
„Нашите програмски заложби нема да ги приспособуваме, заради личен комфор во Владата. Договорот за формирање влада е јасен: за одредени прашања, кои високо ја сензибилизираат едната јавност, како правичната застапеност во институциите за Албанците, или прашањето за Албанска академија за Македонците да се покренуваат иницијативи и да се обидеме да наоѓаме заеднички прифатливи решенија. Така функционира секоја демократска влада составена од партии со различни идеолошки и политички определби.“ – рече Муртези. Според него формирањето на Албанската академија е одраз на одредени негативни состојби во државата, поради кои во некои институции сѐ уште нема место за Албанците.
На Муртези му беа поставени новинарски прашања: Велите дека имате разбирање за вашите коалициски партнери, но сепак изрично и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се против, зошто можеби не се бара некаков начин за поголема застапеност на како што велите на Албанците во МАНУ…? Таму академиците од албанска националност велат дека можеби е тоа подобро решение… Зошто не се бара начин за поголема застапеност на Албанците во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) и дали можеби ваквата иницијатива на „Вреди“ ги загрозува односите со коалициските партнери?
Во врска со овие прашања Башким Муртези од Коалицијата „Вреди“ рече дека „нема никакво загрозување во Владата“. „Нема никакво загрозување на односите во Владата. Секоја иницијатива, која води во правец на подобрување на условите во државата, вклучувајќи го тука и академското дејствување на Албанците во Македонија, не претставува опасност за некое општество. Ние не отфрлуваме никаква иницијатива. Оваа иницијатива за формирање на академијата на Албанците во Македонија рековме и во самото излагање дека ова е иницијатива, а решението ќе се изнајде заеднички со сите.“ – посочи Муртези.
Тој дополнува дека нивна цел не е формирање паралелна институција и укажува на примерот со Државниот универзитет во Тетово. „Ако гледаме во последниве години наназад секоја иницијатива можеби на прв поглед изгледаше дека е паралелна. Така беше и со формирањето на Тетовскиот универзитет, за што што имаше отпор на јавноста, но денеска во овој Универзитет студираат и Македонци. Така што, нема поделба, но подигнува поголеми институции во оваа насока.“ – рече Башким Муртези од Коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција.
Home Македонија Муртези: Вреди нема да ја приспособува програмата, заради комфор во Владата, Албанската...





