Ова го изјави министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија, Орхан Муртезани од собраниска говорница.
Муртезани не смета дека новата Влада го блокира патот кон Европската унија.
„Тоа е како да вие ги отворивте сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес што не е вистина.
Муртезани вели дека „Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно на надминување на проблемот.
„Не е важно колку месеци ќе потрае ова. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија, тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе биде само техничка работа да се обезбедат 80 пратеници“, нагласи Муртезани.
Министрот рече дека никогаш не рекол дека коалицијата ВРЕДИ ќе излезе од Владата доколку на крајот на годината нема уставни измени.
„Кога ја формиравме Владата, ова не го правевме со едната нога надвор, а другата внатре, и не со уцени дека ќе ја напуштиме Владата“, рече Муртезани во одговорот на пратеничко прашање во Собранието.






