Муртезани за јавноста во Албанија: Албанскиот јазик не е официјален јазик во Р*М и Вреди го штити со сите политички и правни средства

„Коалицијата Вреди продолжува да го брани албанскиот јазик со сите политички и правни средства.  Демократската унија за интеграција претходно ги излажа премиерот Еди Рама и мислењето во Албанија дека албанскиот јазик е официјален јазик овде. Тој не е официјален јазик.“ – нагласи министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во изјавата за медиумскиот канал А2 ЦНН од Албанија, осврнувајќи се на одлуката на Уставниот суд и околу албанскиот јазик. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



Порталот ја цитира изјавата, што ја даде Муртезани за А2 ЦНН: „Ние сметаме дека не треба да продолжи досегашната пракса  на политички притисоци врз судството. Јавноста особено во Албанија треба да знае дека поднесокот за законот за јазици и албанскиот јазик  до Уставниот суд се случи во 2019 година кога во владата беше Демократската унија за интеграција. Дури и Сали Мурати, сегашниот пратеник на Европскиот фронт беше претседател на Уставниот суд во тоа време. Прашањето кое бара одговор е: зошто од 2019 до 2024 година ова прашање се чувало во фиока и сега се враќа како дел од јавното мислење? Ние како албанска коалиција Вреди во Владата имаме јасен став: албанскиот јазик не е официјализиран со сегашниот закон, но употребата на албанскиот јазик е унапредена. Ова стои и во Заклучокот на Венецијанската комисија, која даде предлози, откако Владата го испрати таму законот за разгледување. Затоа, од оваа позиција нам ни е многу жал што Демократската унија за интеграција претходно ги излажа премиерот Еди Рама и мислењето во Албанија дека албанскиот јазик е официјален јазик. Тој не е официјален јазик. Неговата употреба е унапредена и ние продолжуваме да го штитиме со сите политички и правни средства.