Изјавата на владиката Наум, за една приватна бугарска ТВ во кој тој побара, Бугарска православна црква (БПЦ) да ја признае автокефалноста на Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), за што „Експрес.мк“ информираше пред два дена не бил индивидуален став на владиката.



Ова станува јасно од писмото без преседан на Македонската епископија до Бугарската патријаршија, претставено за прв пат во емисијата „Вера и општество со Горан Благоев“ на Бугарската национална телевизија БНТ.

„Сметаме дека автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти“, изјави митрополитот струмички за приватната бугарска телевизија бТВ.

Писмото на Македонската православна црква, прикажано за прв пат, е неверојатна историска шанса, изјави авторот и водител на емисијата Горан Благоев.

За прв пат македонската црква зборува за својата црква-мајка, за прв пат таа официјално споменува дека тоа е БПЦ. Се разбира, од БПЦ се очекува таа да ја признае Македонската архиепископија и ми се чини дека ова е еден навистина неверојатен историска шанса, коментира Горан Благоев.

Според д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска памет“, не било од вчера Македонската црква а сака „ние да сме нејзина црква-мајка”.

Тој вели дека  на секој национален празник требало да има еден бугарски и еден македонски свештеник, да се разбере дека „народите ни се всушност една целина и да градиме мостови за иднината за сите”, истакна тој и го повика бугарскиот патријарх „да го заземе местото на духовен отец и да помисли дека нашите духовни браќа живеат од другата страна“.

Според зборовите на Врабевски било редно бугарскиот патријарх Неофит да ги поддржи луѓето во Македонија.

“Ова е историски документ кој БПЦ треба да о прифати, да јао прифати подадената рака и е едно прекрасно дополнување на нашиот Договор за пријателски и добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија“, коментираше Љубомир Младенов – поранешен директор на „Бероисповеденија“.

Тој вели дека било незамисливо е да се пропушти оваа историска шанса.

Одлуката дали да ја признае Македонската православна црква, е во рацете на Бугарската патријаршија, пренесуваат бугарски медиуми.