Ова го изјави шефицата на градската полиција на градот Брадентон, Флорида за новинари на Би-Би-Си



Мелани Беван вели дека нејзините колеги ги поминале последните три дена евакуирајќи ја канцеларијата.

„Нивото на водата веќе се зголеми за околу еден метар, а ние сè уште се опоравуваме од ураганот Хелена што не погоди минатата недела“, рече таа.

Беван додава дека во првите часови од пристигнувањето на Милтон имало „значителни ветрови“, но дека „оваа второ полувреме е многу полошо“.

“Тоа силно не’ погои, бележиме удари на ветер од 180 км/ч. Гледаме покриви како летаат, дрвја наоколу. Надвор е прилично грдо”.

Запрашана за плановите за спасување на оние кои избраа да не се евакуираат, Беван одговори:

„Мислам дека нема да има спасување откако ќе се смири бурата… Она што веројатно ќе го најдеме наутро се тела“.

Додаде дека полицијата побарала од граѓаните со црн фломастер да ги напишат своите имиња и имињата на нивните најблиски на рацете „за да најдеме некој што ќе дојде по нивните тела“.