„Монструм“ и „Диво Насеље“ меѓу темите на разговор на министрите за правда на Македонија и на Косово

Македонскиот министер за правда Игор Филков и неговата косовска колешка Албулена Хаџиу денеска во Приштина ги разгледале и отворените прашања меѓу двете земји за случаите „Монструм“ и „Диво Насеље“.



„За случајот ‘Монструм’ од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страна на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за тоа ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Во однос на нивните барања за случајот ‘Диво насеље’, министерот Филков посочи дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди“, соопшти македонското Министерство за правда.