МОН го надминува проблемот со образовните асистенти

Дел од образовните асистенти почнаа со работа, другите ги потпишуваат договорите. Од МОН велат дека до крајот на неделава проблемот ќе биде надминатт



Во основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ има образовни асистенти. Тие почнуваат со работа од среда и веќе се запознаа со децата на кои ќе им помагаат низ нивното образование.

Доцнењето на потпишувањето на договорите е одраз на ребалансот на Буџетот и на работењето на училиштето, вели министерката за образование Јаневска.

Министерката најави дека проблемот со образовните асистенти ќе се реши системски.

Предлог-измените на законите ќе бидат ставени на јавна расправа.

Поради доцнењето на потпишувањето на договорите, учебната година стартуваше без образовни асистенти. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација предупреди МОН да ја почитува обврската за обезбедување право на образование за секое дете без дискриминација