Шпански Дон Балон пишува дека Нејмар по ПСЖ ќе се врати на Пиринеите и ќе потпише за Реал Мадрид. За оваа верзија весникот наводно има повеќе извори, а најважна е врската меѓу Флорентино Перез и таткото на Нејмар кои веќе имале договор, а еден од посредните извори е и поранешниот соиграч на Нејмар од Барселона, Луис Суарез кој рекол дека Бразилецот во иднина ќе заигра за „Кралевите“.
Дека Нејмар е на привремен престој во Париз и дека ќе се сели во Мадрид за сега не може никој да потврди иако има уште една сутуација која е проблем на Паркот на принцовите и која би се решила со таков трансфер. Имено сопственикот Насер Ел Келафи е на суд за корупција откако неговата Беин спорт ТВ ги добила правата за СП во 2022 година.




