Може слободно да се врати. Може и министер да стане повторно. Може и премиер да ни биде. И може слободно да краде и мами недискриминаторски (и етнички Македонци и етнички Албанци затоа што за мафијата нема етнички граници).
Со оваа порака се огласи утрово професорката Мирјана Најчевска по објавата на мајката на поранешниот вицепремиер Артан Груби, Зухра.
Најчевска потенцира дека сосема е очекувано мајка да го брани своето дете, но поголем проблем е што недостига ефективен правосуден систем.
– И така ниту еден од мафијашите на ДУИ ниту беше ниту ќе биде осуден во оваа смешка од правосуден систем во кој доминираат судии и јавни обвинители со купени дипломи, со криминални врски и/или со партиска припадност – пишува Најчевска.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMNajcevska%2Fposts%2F10232037294490011&show_text=true&width=500
Најчитани статии Глобалниот гигант што ги потцени МакедонцитеМаркетинг фијаско – Македонската Кока Кола ги навреди сите Наталии, како Наталија стана НамалијаДругарите не можеа да го спасат, полицијата сепак стигна до него
Без милост: Од меч за висок ризик исфрлен навивач со маица со симболите на УЧК (ВИДЕО)






