Кристијано Роналдо побарал да си замине од Реал Мадрид во текот на следната година, а за тоа наводно му сугерирал на Флорентино Перез клубот да ја намали и да ја одреди цената. Оваа вест ја лиферуваат денеска сите и ја темелат на незадоволството на Португалецот од новиот договор кој бил далеку помал од тој на Лионел Меси. Роналдо има обврска во Мадрид до 2021 година и откупна клаузула од една милијарда евра и за продажба, таа сума ќе мора да се намали барем три пати што пак би му овозможило на Реал со леснотија да ги купи посакуваните Еден Азар и Хари Кејн.