Може ли македонскиот премиер Христијан Мицкоски да се справи со македонската правосудна мафија по рецептот на Илон Маск.
Блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, најбогатиот човек на светот и сопственик на социјалната мрежа Х поранешен Твитер предлага во Америка секоја година една стотина од најлошите судии да бидат отпуштени од извршната власт.
Според него така власта ќе се справи со најкорумпираните и најслабите судии кои се рак рана и на американското и македонското правосудство.
Предлогот на Маск доколку биде прифатен може да послужи како преседан кој би се употребил и во Македонија.
Доколку Мицкоски може да ги менува најкорумпираните и најнеспособните судии тоа ќе биде сигнал сите судии да запрат со своите честопати нелегални или неетички потези.
,,Би сакал да предложам секоја година да се отпуштаат најлошите 1% од именуваните судии, како што е утврдено од страна на избраните тела.
Ова ќе ги отстрани најкорумпираните и најнекомпетентните” објави Маск кој сега е шеф на американскиот Оддел за ефикасност на владата на САД.
Преходно Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека ,,СУДИИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЈА КОНТРОЛИРААТ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ-ТОА Е НЕЛЕГАЛНО”.
„Ако судијата се обиде да му каже на генералот како да спроведе воена операција, тоа би било нелегално.
Ако судијата се обидел да му заповеда на јавниот обвинител како да ја искористи својата дискреција како обвинител, тоа е исто така незаконско.
На судиите не им е дозволено да ја контролираат легитимната моќ на извршната власт“, објави потпретседателот на САД по што неговата изјава беше споделена и од Маск.






