Одлично летно мезе. Лукот со сирење прекрасно одговара со модриот патлиџан, кој што се послужува подизладен и прекрасно освежува.
Состојки:
– поголем модар патлиџан
– масло
– 6-7 чешниња лук
– магдонос
– 100 гр сирење
– 1 лажица кисела павлака
За украсување:
– магдонос
-2-3 шери домати

Подготовка:
Модриот патлиџан се лупи, се сецка на кругови, се посолува и се чека 30 минути, потоа се суши со салфети. На умерен оган во врело масло се пржат круговите од патлиџанот од двете страни за убаво да заруменат. Потоа се редат на салфети за да се впие вишокот од маслото. Лукот ситно се ренда, магдоносот ситно се сецка, сето тоа се промешува заедно со павлаката. Круговите од патлиџанот се редат во чинија, а врз нив се става по лажица од лукот и сирењето.
Мезето од модриот патлиџан се украсува со магдонос и кругови од домати шери.





