ММФ предупредува: Ескалацијата на Блискиот Исток би можела значително да влијае на глобалната економија

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да произведе значителни економски последици за регионалната и глобалната економија, додека цените на суровините ќе останат под максимумот од минатата година, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).



„Потенцијалот за понатамошна ескалација на конфликтот ги зголемува ризиците и неизвесноста и може да има значителни економски последици за регионот и пошироко. ММФ продолжува со внимание и загриженост да ја следи ситуацијата во јужен Либан“, изјави портпаролката на ММФ Џули Козак.

Козак додаде дека е премногу рано да се предвидат конкретни влијанија врз глобалната економија, но исто така додаде дека економиите во регионот веќе претрпеле големи последици, особено во Газа, каде цивилното население се соочува со тешки социо-економски услови, хуманитарна криза и недоволна испорака на помош.

Според проценките на ММФ, БДП на Појасот Газа падна за 86 отсто во првата половина од годината, додека БДП на окупираниот Западен Брег веројатно падна за 25 отсто во истиот период, со изгледи за дополнително влошување.

Таа додаде дека Либан постигна договор со ММФ за потенцијална програма за заем во 2022 година, но нема доволно напредок во неопходните реформи.

– Подготвени сме да работиме со Либан во врска со евентуалната програма за финансирање кога ситуацијата е соодветна за тоа, но би било неопходно да се преземат одредени активности и да се преземат решителни политички мерки – додаде Козак, пренесува Танјуг.