Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај предвидува раст на македонската економија од 3,2 отсто за годинава и за 2026.
Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе биде 3,4 отсто, а следната година 2,2 отсто.
Во регионот се очекува пораст од 3,5% во Србија, Албанија 3,8 отсто, Косово 4 насто, Црна Гора 3,2 отсто и Босна и Херцеговина 2,8 отсто.
ММФ во својот последен извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи дека зголемувањето на царините и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.
Најновата глобална прогноза вели дека светската економија годинава ќе порасне за 2,8 насто, што е помалку од претходната проценка од 3,3 проценти.






