Македонската машка ракометна репрезентација составена од играчи до 21 година ги заврши подготовките за настап на СП и денеска заминува за Алжир. Нашите таленти минаа низ комплетен циклус подготовки кој содржеше и две пријателски во Катар и најавуваат дека се максимално подготвени за сите искушенија што ги очекуваат, па дури и навестуваат борба за висока позиција на јуниорскиот мундијал.



Во текот на утрешниот ден (15.00) нашите момци ќе го имаат и првиот натпревар во составот Ц од групната фаза, во кој за противник ќе ја имаат селекцијата на Русија.

Македонија е дел од група во која се и селекциите на Русија, Алжир, Шпанија, Бразил и со Буркина Фасо, а првите четири одат во осминафиналето.