Најголемото оружје со кое располага Грција е тоа што е „надзорник“ на европскиот курс на Скопје изјави Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ .



„Грција очигледно има оружје. Не мислам на оружјето што произлегува од самиот Договор, но најголемото оружје со кое располага е тоа што е „надзорник“ на европскиот курс на Скопје. И факт е дека не може да има никаков пристап до Европа, ниту чекор, ако не се реши прашањето преку јасна изјава на раководството на соседната земја дека ова е името на државата и важи за сите. Односно да се повтори очигледното, она што го имаат потпишано. Не бараме ништо различно. Pacta sunt servanda, рече Мицотакис.

Според него,  Грција не е сама и има поддршка од цела Европа и потенцираше дека Северна Македонија влегла во НАТО, бидејќи се решило прашањето со името, преку Договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа имаше други слабости, но едниот член од Договорот од Преспа што се однесува на името, ерга омнес, името Република с.Македонија за севкупна употреба не е подложно на никакво оспорување или правно толкување. Ова е името на земјата и никој не може да ја нарекува со друго име.

Ова е нешто што апсолутно јасно му го ставив до знаење на премиерот на с. Македонија за време на Самитот на НАТО, дека се наоѓа на оваа маса токму затоа што е потпишан договорот кој во моментов не го почитува“, рече грчкиот премиер.