Мицотакис го прозва Ципрас зашто бил кај Јероним

Лидерот на опозициската Неа демократија, Киријакос Мицотакис e длабоко вознемирен од одлуката на премиерот Алексис Ципрас да го посети Архиепископот Јероним и да го извести за развојот на настаните во Македонија, додека го игнорирал барањето на политичките лидери да ги информираат за владините преговори со Скопје.



Претседателот на НД ја обвини владата за тајна дипломатија:

„За такво сериозно национално прашање, како Скопје, Ципрас одлучи да не ја информира главната опозиција, партиите, пратениците, народот и одлучи да преговара во тајност. Сега е очигледно дека премиерот ги постави своите ситнопартиски аспирации дури и против националниот интерес“.

Минатата недела грчката црква и влада разменија остри тонови откако Синодот побара во идното име на северниот сосед да не биде вклучен терминот „Македонија“ зашто тоа предизвикувало страдање на грчките верници, особено на северниот дел на земјата каде се најавени масовни и жестоки протести.

Следуваче реакција од грчкото МНР која ја повика Црквата да не се меше во државни работи кои се надвор од нејзините ингеренции

„Катимерини“. Пишува дека средбата на Ципрас со архиепископот, а пред да се види со партиските лидери, се оправдува со ставот дека „го информираме секого што ќе го побара тоа од нас”.

Свештеници на Грчката православна црква вчера излегоа на протест на кој се бара терминот Македонија да не биде дел од новото име на земјава.

Десетици попови со банер на кој пишува “Македонија е грчка” излегоа на улиците на градот Ајгио а за време на протестот во градот се слушале црковните камбани од сите цркви во градот.