Лидерот на главната позициски водач на Неа демократија, Киријакос Мицотакис, ја нападна владата во конеткст на митингот околу прашањето за името на ПЈРМ во Солун, оценувајќи дека е „неспособна да им служи на интересите на нацијата“.



За, според него, „импресивно учество на митингот“, Мицотакис изјави дека грчкото „општество е особено чувствително за прашањето на името на Скопје.

„Ја почитувам и споделувам оваа чувствителност. Ниту неколку екстремни елементи не можат да ја нарушат природата на оваа голема народна демонстрација“, додаде тој.

Според лидерот на НД, митингот ги покажал фрустрациите на луѓето од владата која „дејствувала тајно и која, преку своите постапки и пропусти, се покажала неспособна да им служи на интересите на нацијата“.

Извесно е дека опозициската Неа демократија, која во анкетите води со над десет проценти во популарноста во однос на владејачката Сириза, ја коментира секоја можност да ја критикува владата во Атина и да се додвори на јавноста.