Мицкоски: Ќе сториме сѐ за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот Саздовски

Премиерот Христијан Мицкоски најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад.



-Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот македонски државјанин во немилиот настан во Нови Сад, рече вчера премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по надзорот на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Прашан дали државата ќе му помогне на семејството на загинатиот македонски државјанин, Мицкоски истакна дека уште во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил комуникација со неговиот српски колега.

– Комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави комуникација со неговиот колега, работиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката поради овој немил настан, рече Мицкоски.