Премиерот Христијан Мицкоски веи дека македнскта Влада ќе реагира откако грчкиот Апелациски суд донесе одлука за укинување на Цнтарот за макеонски јази во Лерин.
По забраната на Цнтарот за македонски јазик во Лрин сучајот ќе оди пред Европски суд
„Апсолутно. Тоа е уште еден показател дека за добрососедството само нашата страна се грижи“, изјави премиерот.
Апелацискиот суд во Кожани, Грција, како што објави МКД.мк, деновиве донесе одлука со која се поништува регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин. Активистите на Центарот најавија дека ќе ги искористат сите правни средства и оти ќе се жалат до грчкиот Врховен суд и до Судот за човекови права во Стразбур.
„Тоа нема да нè обесхрабри. Јас сум свесен дека таму им се потребни провокации за да ние изреагираме реципрочно и да направиме нешто кое што нема никаква врска со нашите интереси, односно остварување на втората наша цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ.
Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да посведочат аа непочитување на договореното од страна на нашите соседи иако јас сум свесен дека тие ќе се вадат, дека е тоа е судска одлука.
Но, нашинците ја имаат нашата поддршка и ќе ги поддржиме во барање на нивното право. Ние како политичари можеме да дадеме логистика, тука е и Европскиот суд за човекови права, така што тие ќе ја имаат апсолутно нашата поддршка. Нема да реагираме како во минатото.
Свесни сме дека сè ќе направат нашите соседи за да нè вовлечат во нивната внатрешна политичка расправа и ќе ја направат Македонија како тема, но ние сме одговорни и зрели и тоа нема да го дозволиме“, рече премиерот.






