Мицкоски: Тој што го распродаваше мојот идентитет и јазик нема кредибилитет да зборува

По вчерашната закана на Бујар Османи од ДУИ, дека партијатa ќе ги бојкотира локалните избори доколку нема истовреммено и парламентарни избори, враќање на Балансерот и Бадентерот и гаранции за Законот за јазиците, реагираше премиерот Христијан Мицкоски:



„„Човекот којшто преговараше и ги распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува. Оти, ако тој мене не ме почитува, тогаш не го почитува ни својот мајчин албански јазик“, рече Мицкоски.

„Ја слушнав изјавата на Бујар Османи и претпоставувам дека е дадена во координација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Оти, ако не е координирана, тогаш претпоставувам дека Ахмети го искарал Османи поради изјавата, затоа што нанесува непоправлива штета со таа изјава.

Прво, се меша во правосудниот систем државата. Тоа е спротивно од било какви демократии коишто познава современото човештво, а уште помалку европските демократски вредности.

Утрово разговарав со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој разговараше со голем дел од претставнците на меѓународната заедница во државата и надвор од неа, а дел од нив рекоа дека и лично разговарале со претставници од ДУИ и дека ова кај нив предизвикало многу големо разочарување. Политиката се води на маса, се седнува и се разговара“, порача Мицкоски.

Османи: Нема локални избори без парламентарни, враќање на балансерот, бадентерот…