Мицкоски: Срамни се триковите на трговците пред новогодишните празници

Ова е оценка на премиерот кој денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи.



„На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови.

Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат.

Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно…. Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат.

Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат.

Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане, рече премиерот Мицкоски.

Иако со мерката се очекуваше намалување на прехранбените производи за околу 10 проценти,  граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените и дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата…