Колку повеќе соседи околу нас станат дел од ЕУ, толку подобро. Ова де факто значи дека и ние сме дел од ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за европскиот пат на земјава и одвојувањето од „пакетот“ со Албанија, пренесува Телеграф Македонија.



Во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ синоќа, премиерот рече дека „нашиот западен сосед не е поподготвен од нас и не е понапред“ во преговарачкиот поцес со ЕУ.

„Дали мислите дека тие се подобро подготвени од нас и дека се понапред? По кој параметар?, праша Мицкоски, додавајќи дека „Бугарија, Романија, Хрватска, Србија и Црна Гора не нè претекнаа во преговарачкиот процес затоа што се понапред, туку едноставно ние имавме билатерални проблеми, прво името, а сега идентитетот со Бугарија. “, вели премиерот.

На 15 октомври Албанија ќе ја отвори првата група преговори, која ќе премине во втората фаза од преговорите.

Тој им посака успех и што поскоро почеток на преговорите со ЕУ.