Мицкоски со министрите во Вила Водно на средба со претседателката

Во првиот ден по формирањето на Владата, премиерот Мицкоски и министрите остварија средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За ова на социјалните мрежи информираше претседателот на Владата:



“Традиционална средба со Претседателката на државата на првиот работен ден од новата Влада. Да соработуваме за доброто на Македонија и користа на сите граѓани” напиша Мицкоски.

https://www.facebook.com/share/p/3sUP51NjXy5bP3Ut/?mibextid=oFDknk